Пелистер повторно го „преслуша“ Работнички и обезбеди мајсторка

Кошаркарите на Пелистер одиграа нов неверојатен натпревар и со тоа успеаја да изборат мајсторка против Работнички (2-2) во четвртфиналето од плеј-офот во Првата лига на Македонија.

По убедливиот триумф од средата, битолчани одиграа повторно одличен натпревар на домашен терен и славеа против големиот ривал со 85-67.

Иако во првото полувреме гостите од Скопје беа за нијанса подобар противник, во вториот дел пелистерци одиграа одлично и на крајот успеаја да стигнат до конечен триумф од 85-67.

Бобан Стајиќ со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените Џулијан Роуч постигна 18 поени.

Се вчитува...