Пелистер пред силен предизвик против шампионот: „Со поддршка од Чкембари можеме до бодови!“

Битолски Пелистер го очекува силен предизвик против шампионот Струга ТЛ денеска во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во првиот меч по репрезентативната пауза, фудбалерите на Пелистер веруваат дека може да одиграат квалитетен дуел во желбата да се освојат бодови.

„Го пречекуваме шампиониот на Македонија. Имаме голем респект кон нив, но имаме и свои цели и амбиции. Очекуваме поддршка од нашите навивачи „Чкембари“ кои може да бидат дванаесеттиот играч на овој натпревар за нас“ – вели Бојан Спиркоски, на кого се надоврзува и Христијан Грозданоски.

„Подготвени сме за мечот. Знаеме дека во Битола ни доаѓа квалитетен противник, но очекуваме поддршка од трибини и сакаме да ја исполниме нашата цел, тоа е позитивен резултат со Струга“.

Сепак, и стружани под Тумбе кафе доаѓаа водени од желбата за три бода и продолжување на трката за врвот од табелата.

„Максимално сме подготвени за дуелот против Пелистер. Победата е наш императив, но секако мора да бидеме внимателни затоа што противникот и тоа како знае да биде незгоден“ – вели тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Струмица: АП БРЕРА – БЕСА
Скопје: ГОСТИВАР – ВАРДАР
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Битола: ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

Се вчитува...