Пелистер преку Прилеп до Ф4 во Купот на Македонија

Ракометарите на Пелистер се пласираа на „фајнл-фор“ турнирот во Купот на Македонија, откако го совладаа составот на Прилеп со 30-28, и се изборија за место меѓу најдобрите четири во завршницата на Купот, која ќе се игра во април.

Прилепчани одлично парираа, дури во неколку наврати и водеа, но на крајот искусните пелистерци успеаја да се пласираат на Ф4.

Андреј Видомвски и Петар Атанасијевиќ постигнаа по шест голови, додека кај Прилеп најефикасен беше Денис Шабановиќ кој постигна седум гола.

Се вчитува...