Македонскиот ракометен шампион Пелистер загуби во финалето на турнирот „Купот на пријателството“ кој се одржува во Болу, Турција од страна на Мешков Брест со 31-35 во натпревар кој одбележа скандал и повлекување на битолчани од теренот.
Во текот на целиот натпревар постоеше тензична атмосфера и агресивна игра која кумлинираше на три минути пред крајот. При резултат 32-31 за белорускиот тим, Мешков Брест имаше напад на кој имаше видно пробивање од страна на еден ракометар, а вториот го удри Радивојевиќ во лицето. Судиите не досудија топка за македонскиот првак и по тој напад ривалот погоди за 33-31 по што тренерот Бранислав Ангеловски веднаш повика тајм-аут и ја повлече екипата од теренот.
По долгиот прекин и интензивните разговори на двете страни и со делегатите, битолчани се вратија на теренот да го доиграат мечот, но доживеаја пораз.
Најрасположен кај Пелистер беше Радивојевиќ со шест гола, исто колку и Ѓорговски, а еден помалку од нив постигна Борзаш. Куран со осум гола го предводеше Мешков Брест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА