Пред продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, битолски Пелистер промовираше уште еден Бразилец во своите редови – Фернандо Карваљо.
29-годишниот бразилски интернационалец потпиша едногодишен договор со Пелистер каде доаѓа од екипата на Порто Велхо која настапува во бразилската Серија Д.
Фернандо, кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, ќе биде втор Бразилец во Пелистер, откако во Битола се врати и Лукас Кардозо.
Во 5. коло од ПМФЛ утре „пелистерци“ го пречекуваат во Битола шампионот Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА