Македонскиот ракометен шампион, Пелистер вечерва од 18.45 часот ќе му гостува на Динамо Букурешт во натпревар од третото коло од новата сесзона во Лигата на шампионите.
Тренерот на Пелистер, Бранислав Ангеловски пред овој меч, најави дека неговите играчи ќе го дадат максимумот, и покрај тоа што потоа им следува дерби со Вардар во македонскиот шампионат. За Динамо, Ангеловски кажа дека се сериозна екипа, дека имаат одлични играчи, екипа во подем, и очекува секој од неговиот тим да го даде максимумот.
„Играме против сериозна екипа, екипа во која играат играчи кои настапуваа во Барселона, и не се случајни нивните две победи во првите две кола во ЛШ. Одиме со позитивна енергија, да дадеме максимум да видиме што можеме да направиме, и без разлика што играме за многу краток период со нашиот најголем ривал Вардар, не одиме да се штедиме, туку да дадеме максимум колку можеме во овој момент. Играме против тим кој исклучително напредува, Динамо Букурешт е државен проект, и не случајно за 8-9 години се шампиони на Романија, и одат скалило погоре секоја година. Беа во Ф4 на Лигата на Европа минатата сезона. Имаат голем рејтинг, стигнаа оваа година да играат во ЛШ, и самото тоа што го имаат Паксвал за тренер, ги имаат најдобрите романски играчи, и сето тоа што беше слободно, а има квалитет го земаа и навистина ќе биде тешко“, рече Ангеловски.
Слично размислува и младиот Павле Атанасијевиќ…
„Се подготвуваме чекор по чекор, се спремаме силно за овој предизвик. Во кус период имаме многу тешки натпревари. Играме против тим кој има многу добри играчи, и на нас добро познати, играат модерен ракомет. Ќе биде тешко против нив, но ние ќе го дадеме максуимумот за да дојдеме до добар резултат“, рече ракометарот на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА