Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер го доби противникот во четвртфиналето од плеј-офот во АБА 2 лигата.
Битолскиот тим во четвртфиналето ќе се сретне со најдобриот по основниот дел од сезоната Хелиос Санс, a лоша вест за „зелено-белите“ е тоа што токму Хелиос во Домжале ќе биде домаќин на завршниот турнир.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
Хелиос – Пелистер
Крка – Сутјеска
Борац – Широки
Подгорица – Златибор
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА