Пелистер раздрман среде Битола: Башкими води со 0-2 на полувремето (ВИДЕО)

Фудбалерите на Башкими, помалку изненадувачки, имаат убава предност од 0-2 на полувремето на гостувањето против Пелистер во Битола во последниот натпреевар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Кумановци умешно ги искористија своите први можности на дуелот доаѓајќи до водството од 0-2 веќе по првите 20 минути игра.

Хаџиќ е херојот на Башкими кој ги постигна двата погодоци за својот тим. Погоди уште во 5. минута за предност на Башкими од 0-1, а веќе во 20. минута стрелаше и за 0-2.

ПМФЛ – 7. КОЛО

ДЕНЕСКА (прво полувреме)

Битола: ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ 0-2

ПРЕТХОДНО

Струмица: АП БРЕРА – АРСИМИ 2-1

Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА 1-3

Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 3-1

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

Се вчитува...