Пелистер размислува само на победа против Татабања

Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра првиот од двата предвидени натпревари против унгарска Татабања во Лигата на Европа. Финансиските проблеми на противникот ги прават „пелистерци“ големи фаворити на овие натпревари, но тренерот Жељко Бабиќ и крилото Ненад Костески се свесни дека против себе ќе имаат ривал што никако не смее да биде потценет.

Татабања е одличен противник, во никој случај не смееме да ги потцениме Унгарците. Се подготвуваме, добро ги анализираме и ова за нас се многу битни натпревари и како се подготвуваме верувам дека ќе извојуваме две победи кои многу ќе ни значат. Не смееме да ја потцениме Татабања, иако имаат четири порази. Имаат квалитетна екипа и одлични бекови, кои ако влезат во серија ќе ни направат многу проблеми“, изјави македонскиот репрезентативец Ненад Костески.

Добра вест за „пелистерци“ е враќањето на Кушан, кој не настапи на последниот дуел од СЕХА-лигата против Загреб.

„Верувам дека Кушан веројатно ќе игра. Има проблеми со коленото, но медицинскиот тим е оптимист дека ќе игра. Карим ќе игра, ќе ни се приклучи, и Вегар треба да биде во тимот. Не патуваше со нас во Загреб заради повреди со рамото, но ќе биде спремен. За Велковски не можам категорички да кажам, но сигурно ќе имаме 2-3 замени од ростерот кој играше во Загреб. Ќе биде сигурно тешко и за нас и за нив. Ќе беше подобро да имавме поддршка од публиката, но денес е така и предноста на домашниот терен не е изразена. Сепак, полесно е да играме на домашен терен, отколку да патуваме. Секако дека имаме една мала предност, но тоа нема да го одлучи победникот. Татабања е цврст тим, кој има силен ритам 60 минути, Ние треба истото тоа да го работиме, дури и повеќе. Верувам дека ќе дојдат моменти во кои треба да бидеме стрпливи, мудри и храбри за да го превртиме натпреварот во наша полза“, истакна тренерот Бабиќ.

Натпреварот во арената „Боро Чурлески“ во Битола е закажан за 17 часот.

Се вчитува...