Провлигашот Пелистер денеска ремизираше против Новаци (0-0) на пријателскиот натпревар одигран во Охрид. Во првиот пријателски натпревар, екипата на Начи Шенсои триумфираше над Шкендија (2-0), но на овој натпревар не успеа да ја „скрши“ одбраната на Новаци.
Иако важеше за фаворит на овој натпревар, Пелистер не успеа да триумфира против Новаци, кој доведе неколку квалитетни засилувања и довчерашни играчи на Пелистер и е со големи амбиции за влез во Првата лига следната сезона.
„Зелените“ до 27-ми јануари ќе престојуваат во Охрид, а после тоа зимските подготовки ги продолжуваат во Аланија, Турција и ќе престојуваат во хотелот „Голд сити“. Во Турција, тимот на Начи Шенсои ќе одигра пријателски натпревари со Каисар, Фероникели и Нефтохимик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА