Македонскиот прволигаш Пелистер одигра уште едно реми на зимските подготовки во Аланија. „Зелените“ денеска тестираа со косовскиот тим Фероникели и ремизираа 1-1.
Тренерот Начи Шенсои на денешниот меч им даде шанса на фудбалерите кои добија помала минутажа на претходните пријателски натпревари. Фероникели прв дојде во водство на овој меч, а израмни Антонио Бујчевски по половина час игра во првиот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА