Актуелниот шампион на Македонија Е. Пелистер на рутински начин со триумф на гостувањето кај Струга од 24-35 ги излечи раните од трилер поразот од Алкалоид во Националниот куп на Македонија, во претпоследното коло од плеј-офот во ракометната Суперлига.
Домаќинот одлично го отвори натпреварот и беше во егал против големиот фаворит во првите 20 минути кога резултатот на семафорот изнесуваше 10-10. Тогаш избраниците на Бранко Ангеловски уфрлија во повисока брзина, па до крајот на првиот дел веќе беа на плус четири 12-16.
Во второто полувреме акутелниот шампион на Македонија само рутински го доврши мечот за конечни 24-35. Цветан Кузмановски со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Мерис Бошњак постигна седум гола.
Ракометарите на Е. Пелистер ги очекува само уште еден меч до одбрана на титулата, а тоа е тој на домашен терен против Алкалоид од кого беа поразени во финалето на Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА