Пелистер се пофали со три нови имиња

Фудбалскиот клуб Пелистер се засили во своите редови со три нови имиња. Станува збор за Виктор Серафимовски од Силекс, Филип Тодороски од Воска Спорт, и Дамјан Масевски од Охрид.

Виктор Серафимовски е играч од средниот ред, додека Тодороски е офанзивен играч за врска. Дамјан Масевски, пак, е напаѓач.

Пелистер во понеделник официјално стартува со подготовките за новата сезона, а со екипата ќе се појават и трите нови играчи.

Се вчитува...