Aктуелниот шампион на Македонија по изненадувачкиот пораз во Суперкупот од Алкалоид, беше блиску до нов слаб резултат, но сепак на крајот успеа да се извлече на тешкото гоствуање во Кавадарци против Тиквеш и да слави со 27-31.
Домаќините многу подобро го отворија првото полувреме, па на пауза заминаа со изненадувачка предност од 17-15. Сепак, избраниците на Бранислав Ангеловски одиграа на ниво во вториот дел и на крајот успеаја да спречат сензација, славејќи со 27-31. Жарко Пешевски со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Анастасовски и Обина постигнаа по пет гола. На овој меч пелистерци беа без Филип Кузмановски кој доби суспензија поради директниот црвен картон во Суперкупот на Македонија.
Во вториот натпревар од терминот од 19 часот во ракометната Суперлига на Македонија, Охрид стигна до убедлив триумф на гостувањето кај Радовиш од 18-36. Искусниот Гоце Ојлески со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Здравко Постолов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА