Пелистер се раздели со двајца кошаркари

Во новата 2026 година Пелистер влегува без двајца американски кошаркари кои ги бранеа боите на битолскиот тим во досегашниот дел од сезоната. Станува збор за Си-Џеј Вилсон и Остин Прајс, двајцата кошаркари задолжени за плејмејкерската и бековската линија, и тие пвеќе не се дел од Пелистер.
Вилсон и Прајс одиграа добри натпревари во историскиот премиерен настап на Пелистер во европските натпреварувања на ФИБА, но во новата година тие повеќе нема да бидат дел од нашиот клуб.
„Зелено-белото“ семејство им се заблагодарува на Си-Џеј и на Остин за професионализмот и посветеноста на тренинзите и на натпреварите. Воедно, им посакуваме многу среќа во нивните следни клупски ангажмани“, стои во објавата на КК Пелистер.

Се вчитува...