Пелистер се раздели со Македонец и Србин, промовираше Русин (ФОТО)

Битолскиот фудбалски прволигаш Пелистер продолжува со промените во составот од кој официјално си заминаа Македонец и Србин, а како ново засилување пристигна Русин.

„Зелено-бело“ во вториот дел од сезоната нема да носат Михаил Талевски и Алекснадар Катниќ, но новиот тренер Срѓан Захариевски ќе може да смета на услугите на рускиот интернационалец Захар Тарсенко кој пристигнува од ерменскиот шампионат.

Русинот ќе биде само прво од неколкуте засилување во Битола оваа зима.

Се вчитува...