Пелистер се раздели со уште еден фудбалер

Заминувањата од Пелистер оваа зима продолжуваат. Откако клубот им се заблагодари на Ѓорѓе Белиќ и Петар Ристиќ, дел од „зелено-белите“ во иднина нема да биде ниту Јорданчо Наумоски.

Разделбата со фудбалерот кој беше дел од битолскиот состав во последните две години Пелистер ја објави на социјалните мрежи.

„Ти благодариме, Јорданчо Наумоски. Играчот од средниот ред Јорданчо Наумоски нема да биде дел од екипата во продолжението од сезоната. Му се заблагодаруваме за неговиот професионален ангажман и придонесот во настапите во зелено-белиот дрес“, стои во објавата на клубот.

Се вчитува...