Битолски Пелистер за вториот дел од сезоната во Втората лига – Запад го доведе и петтото засилување. Најново име кај битолчани е Љавдрим Фазлиу, кој доаѓа од редовите на Работнички.
20-годишниот крилен офанзивец изминативе две сезони беше дел од „романтичарите“, а сега кариерата ја продолжува во Пелистер.
Претходно Пелистер, под водство на стратегот Зоран Штерјовски, се засили и со уште еден досегашен фудбалер од Работнички, стоперот Александар Борха, како и Димитар Иванов од Тиквеш, Благоја Спиркоски и Неџми Реџепи од Лабуништа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА