Пелистер се засили и со стоперот Стефан Костов

Пелистер за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига се засили и со Стефан Костов кој игра на централната дефанзивна позиција.

Костов претходно има настапувано за Тиквеш, Академија Пандев, Ренова и Брегалница.

„Веќе подолг период сум во преговори со Пелситер кои конечно се реализираа. Имаме заедничка цел, а тоа е да го вратиме Пелистер во Првата лига и среќен сум што ќе можам да дадам придонес и да помогнам во тоа” – вели Стефан Костов.

Се вчитува...