Пелистер се засили со Бобан Георгиев од Воска спорт (ФОТО)

Битолски Пелистер го промовираше крилниот офанзивец Бобан Георгиев како свое ново засилување за враќањето во Првата македонска фудбалска лига.

„Задоволство ни е да ја известиме фудбалската јавност дека Бобан Георгиев е нов фудбалер на ФК Пелистер. Бобан игра на десната крилна позиција, но истовремено може да ја покрива и левата крилна позиција. Со своето искуство ќе комплетира огромен дел од мозаикот на Костов“ – информираат од Пелистер.

Георгиев во Пелистер доаѓа од екипата на Воска Спорт, а претходно има играно и за Брегалница, Силекс, Радник Сурдулица, Борац Бања Лука и Леотар Требиње. Минатата сезона настапи на 28 меча во Првата лига, а притоа постигна еден гол и 11 асистенции.

Екипата од Битола претходно ги промовираше Мирко Ивановски, Александар Ристевски, Филип Тодороски, Виктор Серафимовски и Дамјан Масевски.

Се вчитува...