Македонскиот ракометен шампион Пелистер со цел подобро претставување на европската сцена, но и подобри настапи во битката за титула во Суперлигата се засили со искусен ракометар, египетскиот репрезентативец Мохамед Мамдух Шебиб.
Станува збор за кружен напаѓач кој има богато искуство настапувајќи во Кувајт, но и во Европа за Монпелје и Динамо Букурешт.
Триесетипетгодишникот кој има скоро 200 настапи за египетската репрезентација потпиша двогодишен договор и неговото претставување е предвидено в петок на 25 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА