Пелистер се засили со Милан Србијанац

Поранешниот младински репрезентативец на Србија, Милан Србијанац е нов фудбалер на Пелистер.

Станува збор за 27-годишен фудбалер кој игра на левата бековска позиција и со себе носи богато исксутво со повеќе од 150 настапи во Првата лига на Србија.

Србијанац во Битола пристигнува од Железничар Инџија, а претходно беше дел и од Графичар, Слобода Ужице, Раднички Срем, Кабел Нови Сад, Феникс и Златибор.

Се вчитува...