Пелистер се засили со Србинот Никола Кочовиќ

За продолжението од сезоната КК Пелистер се засили со српскиот интернационалец Никола Кочовиќ.

Се работи за кошаркар кој има 30 години и акумулирано искуство од настапи во Србија, БиХ, Црна Гора, Полска и Романија.

„Ни претставува задоволство што во нашиот тим имаме уште еден кошаркар со одлично реноме“ – информираат од КК Пелистер.

197-сантиметри високиот бек доаѓа од познатата школа од Чачак, а во мак-кошарката пристигнува по сезона мината во Чачак од Србија и романска Орадеа. Кочовиќ веднаш му се стави на располагање на тренерот Тане Спасев и ќе биде во комбинација за натпреварот против Работнички в недела од 19 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Се вчитува...