Пелистер и официјално како свое ново засилување за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига го промовираше српскиот напаѓач Александар Катаниќ.
29-годишниот Катаниќ во Пелистер доаѓа од редовите на ФК Балзан од Малта.
Предходно во кариерата има настапувано и за екипата на ОФК Бачка, Бежанија, Металац, Младост, Младост ГАТ во српското првенство како и за финска Хонка.
Има настапувано и во македонското првенство, во сезоната 2022/23 за кратовски Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА