Пелистер очигледно со максимални амбиции ќе ја очекува новата сезона, ако се суди според бројот и квалтетот на засилувањата кои се промовираат уште низ актуелниот период.
Веќе се најавува и пристигнување на уште еден Словенец, кој игра позицијата на среден бек и во моментов го носи дресот на Партизан – Миха Котар.
Котар, според информациите, треба да го замени Домен Тајник во клубот. Беше дел од младата репрезентација на Словенија која го освои златото на ЕП 2018 година.
Претходно во својата кариера Котар настапувал и за Тримо Требње, Слован Љубљана и Словен Градец.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

