Пелистер со „два од два“ во АБА 2

Македонскиот кошаркарски вицешампион, Пелистер стигна и до вториот триумф сезонава во АБА 2 лигата откако вечерва во „балонот“ во Златибор славеше над словенечкиот Шенчур во крајно возбудлив натпревар со 71-67.

Првата четвртина помина во израмнета игра, а по десет минути Словенците имаа предност од три поени (17-20). Битолчани одиграа неверојатно во вториот период и на пауза заминаа со позитива од 39-32.

Вториот период помина во егал. Шенчур успеа во финишот да се врати во игра и да го одведе натпреварот во неизвесна завршница. Сепак избраниците на Марјан Илиевски успеаја да останат сконцетрирани и првиот сезонски балон да го завршат со нов триумф. Мустафица со 17 и Караџоски со 13 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените залуден беше 21 поен на Муриќ.

Се вчитува...