Пелистер со две нови имиња ги почна подготовките за пролетта

Екипата на Пелистер промовирајќи ги двајцата нови фудбалери денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од првенството.

Новиот тренер Димитар Капинковски почна со тренинзите во Битола каде ќе се работи во следните две недели, а од 25. јануари втората фаза од подготовките ќе се реализира во Струга.

Нови фудбалери на Пелистер се повратникот Илијовски, како и офанзивецот Дарко Размоски кој пристигна од редовите на Беласица.

ФОТО: www.bitolanews.mk

Се вчитува...