Пелистер со фуриозно второ полувреме до победа над Гостивар

Ненад Трајковиќ со победа ја стартуваше својата авантура на клупата на Пелистер, откако претходно неделава на кормилото на битолскиот клуб го наследи Александар Петровиќ.

Пелистерци вечерва на домашен терен славеа против Гостивар со 89-78 во меч од 15. коло во Првата лига. Гостите подобро го отворија натпреварот и по првото полувреме имаа позитива од девет поени 46-55.

Домаќините одиграа неверојатно во третиот период во кој на противникот му дозволија само седум поени, па по 30 минути игра направија целосен пресврт (67-62). Во последната четвртина само го исконтролираа резултатот за конечни 89-78.

Aндрија Бојиќ со 26 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Елис постигна 18 поени.

Се вчитува...