РЕпрезентативната пауза беше добредојдена во таборот на Пелистер за тренерот Трајковиќ да ги адаптира своите методи на работа кај играчите. Работата дефинитивно ќе тргне на подобро за битолчани ако се земе во предвид вечерашниот триумф на гостински терен против Шкупи со преубедливи 70-103. За потсетување, Шкупи ги шокираш „пелистерци“ во првиот дел од сезоната, но битолчани денеска го искористија тоа за максимално мотивирани да влезат во мечот и на крајот да слават со преубедливи „плус 33“.
Дуелот беше прилично израмнет само во првите десет минути кои гостите ги добија со 22-27. Во втората и третата четвртина можеше да се проследи фанатична одбрана на Пелистер со само 19 примени поени за 20 минути игра (10-31 и 9-25), додека Мишковиќ доминираше во нападите на битолчани. Очекувано, во последната четвртина шанса добија помладите кошаркари, но разликата не намали премногу, па Пелистер го доби овој меч со убедливи 70-103.
Мишковиќ беше феноменален со 33 поени, 10 скокови и 7 асистенции, новиот центар Галовеј постигна 16 поени, а искусниот Костоски 13 поени за Пелистер. Најефикасен кај Шкупи во овој убедлив пораз беше Сила, со дабл-дабл од 22 поени и 13 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА