Македонскиот ракометен шампион Пелистер има негатива од 20-11 на полувреме против Веспрем во меч од 9. коло од Лигата на шампионите.
Домаќините почнаа фуриозно и брзо стигнаа до водство од 5-0. Македонскиот шампион својот прв гол го постигна дури во шестата минута од мечот, преку српскиот интернационалец Богдан Радивојевиќ (5-1).
Во следниот период унгарскиот гигант ја држеше предноста од пет гола, па по десет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 8-3.
Веспрем продолжи да го полни голот на нашиот шампион, а во 24. минута со голот на рускиот интернационалец Косоротов, Унгарците за првпат стигнаа до двоцифрена предност 17-7. Домаќините во еден момент имаа и највисоки плус 11, а пелистерци до крајот на првиот дел сепак успеаја да ја намалат негативата на 20-11.
Радивојевиќ и Кузмановски со по три гола беа први имиња во нашиот табор, додека кај домаќинот Косоротов постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА