Пелистер со нов убедлив пораз од Цедевита јуниор

Кошаркарите на Пелистер во четвртото коло го пртрпеа и третиот пораз во ФИБА Европа купот, губејќи на домашен терен од Цедевита јуниор со резултат 74-95. Откако во првото коло беа убедливо поразени од овој ривал , битолчани и вечерва потклекнаа пред екипата од Хрватска која одигра поквалитетно во голем дел од мечот и заслужено победи. „Пелистерци“ одиграа на ниво само седум-осум минути во третата четвртина, успеаја да се вратат резултатски, но гостинот сепак најде начин повторн да се оодлепи и да си го трасира патот до победата.

Првата четвртина мина во беспрекорно шутерско шоу на гостите кои погодија четири тројки од пет обиди. Цедевита јуниор набрзина поведе со 10-20, предност што ја задржа до крајот на четвртината (17-27). На стартот од вториот период гостите имаа и 19-33, како најава за нивната целосна контрола до кајот на полувемето и водство од 34-49.

Првиот дел од третата четвртина беше единствениот во кој Пелистер беше подобар ривал на теренот. Негативата експресно се истопи, Митревски погоди две тројки, во ритам влезе одличниот Брејси Дејвис, па „зелено-белите“ стигнаа и до израмнети 56-56. Сепак, тоа беше се од Пелистер на овој меч, хрватскит гостин ја заврши четвртината со предност од 58-66, а потоа во последните 10 минути повторно се врати на двоцифрена позитива, рутински контролирајќи го резултатот до конечните 74-95.

Кевин Брејси Дејвис со 21 поен беше прв стрелец на Пелистер, центарот Ленгстон Вилсон имаше 16 поени и седум скокови, додека репрезентативецот Митревски постигна 15 поени за единствениот македонски претставник во европските натпреварувања.

Се вчитува...