Пелистер со одличен финиш му „украде“ бод на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет имаше водство од три гола разлика во самиот финиш од дуелот со Пелистер, но на крајот мораше да се задоволи само со реми (27-27) во 11.коло од ракометната Супер-лига на Македонија. Тоа е прво реми за Тинекс Пролет во шампионатот, и сигурно е непосакувн исход, со оглед дека домашниот тим имаше 27-24 и сметаше дека рутински ќе ја заврши работата до крај.

По првите 30 минути, Тинекс Пролет имаше водство од 17-14.

Во завршницата, Пелистер ја искористи шансата и со три гола во серија, успеа да стигне до реми.

Најефикасни ракометари во домашниот состав беше Ласко Андоновски и Доне Мајнов, кои постигнаа по пет гола, додека во тимот на Пелистер се истакнаа Марко Кобетиќ со шест погодоци и Никола Стоилевски со пет гола.

Струга очекувано го совлада Вардар јуниор на гости со 19-29.

Се вчитува...