Кошаркарите на Пелистер стигнаа до домашен триумф над Тиквеш од 95-88 во меч од 12. коло во Првата лига.
Натпреварот почна ефикасно на двете страни, па по десет минути игра домаќините имаа предност од 26-22. Во вториот период избраниците на Александар Петровиќ уфрлија во уште повисока брзина, па на пауза меѓу двете полувремиња имаа двоцифрена предност (49-38).
Битолчани во вториот дел успеаја да го исконтролираат резултат и на крајот да стигнат до конечен триумф од 95-88. Никола Мишковиќ со 18 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 26 поени на Ајзеа Хил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА