Пелистер со Симеон Христов во нападот ќе брка влез во Првата лига

Пелистер ќе влезе со сериозни амбиции во новата второлигашка сезона, во која битолскиот клуб се надева дека ќе успее да се врати назад во елитното македонско фудбалско друштво.

За остварување на тие цели, денеска беше комплетиран првиот посериозен трансфер откако договор со Пелистер потпиша Симеон Христов, голгетерот што доаѓа во Битола од редовите на ФК Гостивар.Искусниот напаѓач има настапувано за ФК Вардар, ФК Работнички, ФК Македонија ЃП, ФК Тиквеш а пред 10 години ги бранеше и боите на ФК Пелистер.

„Благодарност до управата и до тренерот за довербата да бидам дел од тимот и се надевам дека сите заедно ќе успееме во зацртаната цел за влез во ПМФЛ. Ова е мое второ доаѓање во Битола и имам прекрасни спомени од тука. Ова е фудбалски град со голема традиција и навивачи кој заслужува место во ПМФЛ“, истакна Симеон Христов по потписот на договорот со битолчани.

Трансферот на Христов следи откако „пелистерци“ во текот на вчерашниот ден потпишаа нови договори со осум фудбалери што настапуваа минатата сезона. Тоа се Благоја Љамчевски, Петар Љамчевски, Бојан Спиркоски, Марио Наумоски, Филип Миленковски, Христијан Гроздановски, Борче Маневски и голманот Илче Петровски.

Се вчитува...