Со убав гест од страна на македонскиот шампион почна вечерашниот дуел од ракометната Лига на Шампиони меѓу Е. Пелистер и ПСЖ, откако битолскиот клуб им врачи пригодни подароци на тројца гостински ракометари.
Станува збор за Никола и Лука Карабатиќ, како и за Пранди, тројцата француски репрезентативци кои минатиот месец се закитија со титулата европски шампиони на ЕП 2024 што се одржуваше во Германија.
Подароците ги врачи капитенот на Е. Пелистер, Филип Кузмановски, а триото на ПСЖ беше поздравено со аплаузи од сите присутни во полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА