Раководството на Пелистер покажа хуманост и големо срце со одлуката сите приходи од влезниците за следното дерби што ќе се игра во Битола против Вардар ќе бидат наменети за семејствата на жртвите во страшната трагедија во дискотеката во Кочани.
Битолчани денеска објавија дека цената на билетите ќе изнесува 200 денари, а сите пари потоа ќе бидат испратени кон семејствата на починатите.
„ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција. Цена на билетот: 200 денари“, објави битолскиот прволигаш на својата официјална страница на фејсбук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА