Пелистер со убедлива победа над ТФТ

Кошаркарите на Пелистер беа подобри од ТФТ во 21. коло од првата кошаркарска лига. Битолчани пред своја публика на крајот со подобра ефикасност, успеаја на крајот да дојдат до триумф од 92-69.

Гостите од Скопје во првата четвртина имаа на неколкупати предност, а во финишот на првата четвртина домашните со серија од 8:0, стигнаа до предност која ја држеа до крајот на мечот.

Во втората четвртина одлично влегоа пелистерци и дојдоа брзо до предност и до 12 поени. Меѓутоа ТФТ успеа да се врати и да намали од разликата која на полувремето изнесуваше само четири разлика.

Третиот период имаше падови во играта и на двата тима, па на предноста од осум разлика на Пелистер, ТФТ врати со серија и поведе со еден разлика. Меѓутоа потоа застана на 52 поени, и нова низа на поени на домаќините од 11-0, која беше клучна можеби и за победникот.

Во четвртиот период се чини ТФТ немаше сили да стигне, односно Пелистер само ја зголемуваше предностa. Во финишот домаќините стигнаа и до предност од 23 разлика, со која го заврши мечот.

Се вчитува...