Тренерот на македонскиот фудбалски второлигаш Пелистер, Влатко Костов ги почна подготовките за новата сезона.
Тие стартуваа на стадионот „Под Тумбе кафе“, а денеска беа претставени и новите засилувања на клубот. Пелистер ги претстави двајцата нови фудбалери кои доаѓаат од ФК Караорман, а тоа се Марио Дебрешлиоски и Давид Јошески. Воедно со тренинзи со првиот тим се приклучуваат и тројца млади играчи од школата на ФК Пелистер Габриел Крстевски , Андреј Силјановски и Натаниел Димовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА