Пелистер со водство на полувреме на гостувањето кај Арсими (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пелистер имаат водство од 0-2 на гостувањето кај Арсими во последниот натпревар не само од 16. коло туку и последниот натпревар за оваа календарска 2026 година во Првата македонска фудбалска лига.

Двата тима го отворија натпреварот внимателно, па не видовме ниту едно возбудување се до 15. минута. Токму тогаш гостите во својата прва посериозна акција успеаја да поведат со 0-1 со голот на Керим, кој најдобро се снајде во противничкиот петерец по центаршутот на Ивановски.

Веднаш по примениот гол домаќините се заканија за првпат во мечот, но шефити не успеа да го совлада Јовчевски. Арсими имаше уште неколку добри шанси кои не ги искористи, по што следуваше казна од гостите кои преку Ристовски зголемија на 0-2.

До крајот на првиот дел домаќините уште неколку пати се заканија, но одличен на голот на битолчани беше Јовчевски.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...