Ракометарите на Пелистер со уште една импресивна партија се зацврстија на чело на Супер-лигата, триумфирајќи со убедливи 14-39 на гостувањето против Борец. Велешани немаа сили да му се спротивстават на расположениот противник, па сите дилеми беа разрешени уште во првото полувреме што гостите го добија со 6-20. Јагуриновски беше главна фигура на овој натпрева со 11 гола, пред Орјоникидзе со седум, за дванаесетта победа во низа на тимот предводен од Стевче Алушовски.
На победнички патеки експресно се врати и тимот на Пролет, кој во миинатото коло го загуби дербито од Пелистер, за викендов рутински да ја одработи својата задача против Вардар јуниор, триумфирајќи со 25-21. Ласко Андоновски со девет погодоци беше прв стрелец на Пролет, додека Трпчевски постига десет за Вардар јуниор.
Најтешко до бодови стигнаа ракометарите на Охрид, кои по голема битка го освоија Радовиш, славејќи со минимални 26-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА