Јошко Петковиќ имаше успешно деби на клупата на Пелистер откако битолскиот клуб славеше со убедливи 40-28 над Радовиш во првиот натпревар под водство на српскиот стратег.
Петковиќ мора да биде задоволен од начинот на кој играа неговите избраници во фазата на нападот, а претстојната репрезентативна пауза сигурно ќе биде максимално искористена од страна на искусниот стручњак за што подобро воигрување за натамошниот дел од сезоната.
Денешниот натпревар беше неизвесен само околу половина полувреме, кога гостите парираа до 9-9, за потоа Пелистер на полувреме да замине со убедливи 21-14, предност што битолчани дополнително ја зголемија до конечните „плус 12“.
Милан Поповиќ беше незадржлив за радовишани постигнувајќи 11 погодоци за домашниот тим, Перовиќ беше стрелец на пет гола, додека во таборот на гостите најефикасен беше Ивица Илиев со десет постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА