Кошаркарките на Пелистер сосема заслужено дојдоа и до четвртата победа сезонава во Првата македонска кошаркарска лига, трумфирајќи во 6. коло на гостувањето против Феникс 2010 со 73-80.
Во натпревар со осцлации во играта на двете екипи, на крајот „пелистерци“ сосема заслужено дојдоа до победата која ја осигураа со квалитетната одбрана во последната четвртина.
Пелистер одлично го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со убедливи 15-29. Но, домашните умешно се врати во вториот период од играта кој го добија со 27-17, па остана крајно неизвесното второ полувреме во кое финишот пресуди за победа на гостите.
Најдобри кај Пелистер беа Маслинко со 16 поени и 7 скока, Мијовиќ заврши со 17 поени, а Планиниќ имаше „дабл-дабл“ ефект од 15 поени и 11 скока. Кај домашните Метјус заврши со 20 поени, а Рис постигна 19 поени.
Битолчани сега се на делба на четвртата позиција на табелата со четири победи и два порази, колку што има и Еуро Никел, а веднаш зад водечката тројка – МЗТ Скопје, Чаир и ТФТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА