Пелистер триумфално во првиот натпревар од двомечот против Татабања во Лигата на Европа

Македонскиот ракометен тим Еурофарм Пелистер стигна до втората победа сезона во Лигата на Европа, откако на домашен терен славеше над унгарска Татабања со 21-19. Битолчани одлично го отворија натпреварот и на средината на првото полувреме имаа предност од 9-4. Сепак, следуваше голем пад до крајот на првите 30 минути во кои успеаја да постигнат само два гола и на пауза да заминат со минимална позитива од 11-10.

Второто полувреме продолжи во ист ритам и се играше гол за гол се до последните десет минути. Пелистер заигра подобро и предводен од најновата аквизиција Хендави кој беше феноменален на голот успеа да го урне отпорот на гостинот и да стигне до конечен триумф од 21-19.

Томислав Кушан со сто процентен учинок 6/6 беше најпрецизен во таборот на битолчани, додека пет гола постигна Стипе Мандалиниќ, а одличен на голот беше Хендави кој запиша девет интервенции. Кај поразените Матијаш Ѓер натпреварот го заврши со шест гола, а Габор Анцин постигна четири, но со очајна реализација од 11 шута.

Пелистер со триумфот се искачи на 3. позиција на табелата во групата Д со пет бода, додека Татабања останува на дното без ниту еден освоен бод.

Се вчитува...