Македонскиот прволигаш Пелистер го совлада Новаци со 4-0 во „генералката“ пред пролетниот дел од шампионатот во Првата лига. Реновираниот тим на „пелистерци“ што од клупата го предводи Марјан Секуловски покажува дека има квалитет за да го избегне најлошото и да обезбеди опстанок во прволигашка конкуренција. Сепак, вистинскиот предизвик почнува со стартот на првенствените натпревари.
Пелистер поведе со голот на Наумоски во првото полувреме, а во вториот дел во листата на стрелците се запишаа и Илиески, Трајковски и Ристевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА