На двата кошаркарски меча попладнево одиграни во Скопје, бодовите ги однесоа гостите. Во кошаркарското „дерби“ помеѓу Вардар и Пелистер, подобри беа битолчани. И тоа далеку подобри, и го добија мечот со 31 поен разлика 90-59.
Пелистер уште по првиот дел обезбеди солидна предност, која успеа дополнително да ја зголеми во второто полувреме за на крај да слави убедлив триумф. Ташовски од Пелистер беше најефикасен со 19 поени и 10 асистенции.
Вистинското спортско дерби помеѓу Пелистер и Вардар ќе биде вечерва во 18 часот, кога во Битола се игра ракометното дерби кое ќе биде далеку понеизвесно од кошаркарското, кое беше дуел на „Давид и Голијат“.
Во вториот меч, Шкупи на домашен терен загуби од Кожув. Шкупи имаше сила да парира само во првата четвртина, а потоа во втората беше направена клучната разлика. Домашниот тим немаше решение за Пилепиќ кој постигна 26 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА