Ракометарите на Пелистер без никакви проблеми со убедливи 38-24 славеа против Струга во првиот натпревар од 11. коло во ракометната Суперлигата.
Битолчани на домашен терен лесно стигнаа до победата која беше најавена уште во првиот дел кога избраниците на Александар Зарков поведоа со седум голови разлика, 17-10. Во второто полувреме само низ рутински игра Пелистер стигна до конечната победа од 14 голови разлика.
Најдобри стрелци кај победникот беа Игор Трајковски со девет и Стефан Талевски со осум погодоци, додека кај Струга, Цветан Кузманоски постигна седум а Дарио Симоноски пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА