Фудбалерите на Пелистер загубија и на последниот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија.
Битолчани овој пат загубија со 0-1 од узбекистанскиот Пахтакор. Противниците до победата дојдоа со погодок уште во првото полувреме на средбата.
„Пелистерци“ го стартуваа мечот во следниот состав: Јовчевски, Мурговски, Здравковиќ, Грозданоски, Иваноски, Милојевиќ, Гроздановски, Крстевски, Бошковски, Ристовски и Петровиќ. А, уште играа: Димовски, Стојановски, Булатовиќ, Керим, Петковски, Спировски, Здравевски, Ангелевски и М. Ивановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

