Пелистер загуби од Спартак Плевен на Меѓународниот турнир во Бугарија

Кошаркарите на Пелистер загубија од домаќинот Спартак Плевен во полуфиналето на Меѓународниот турнир „Плевен 2022“ во Бугарија.

„Пелистерци“ загубија од домаќините со 87-74 во натпревар во кој Бугарите уште од самиот почеток презедоа минимално водство, за предност од 44-37 на полувремето а потоа во вториот дел доаѓајќи и до поубедлива победа.

Овенс беше најдобриот поединец кај Пелистер со 19 постигнати поени, а кај Спартак Плевен најдобар беше Николај Стојанов со 17 поени и шест скока.

Утре, Пелистер од 15:30 часот ќе игра во мечот за третото место на турнирот против бугарски Левски, додека во финалето од 17:30 часот, Спартак Плевен ќе игра против ТФТ од Скопје.

Се вчитува...