Пелистер закажа пет контроли, Капинковски чека нови засилувања

Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Димитар Капинковски е задоволен од првата сработена недела, во која битолскиот тим се уште некомплетен почна со подготовките за наредната натпреварувачка сезона.

„Задоволен сум од сработеното во првата недела од подготовките. Се одработија единаесет тренинзи во одлична, позитивна и работна атмосфера. Во интензивни преговори сме со неколку играчи, со дел од нив сме во завршна фаза, и ако сè оди според планот, во наредната недела треба да пристигнат под „Тумбе Кафе“, вели Капинковски.

Воедно, стратегот на Пелистер обелодени и дека се закажани неколку пријателски средби со кои ќе се темпира формата до стартот на сезоната.

,,Во подготвителниот период ќе одиграме пет контролни натпревари, со цел екипата што подобро да се запознае и подготви за почетокот на новата сезона. Најпрво ќе тестираме со Струга Т.Л., потоа со Трајал од Крушевац во Битола, со Македонија Ѓ.П. во Охрид, па со Охрид во Битола, а според планот, последниот контролен натпревар е закажан со грчкиот тим Егалео во Охрид’, истакна Димитар Капинковски.

Се вчитува...