Македонскиот вицешампион Пелистер продолжи со промените во играчкиот кадар, откако е комплетиран уште еден трансфер во таборот на битолчани. Приоритет во изминатите денови беше засилување на центарската позиција, проблем што беше решен со ангажманот на Јуре Планиниќ, хрватскиот интернационалец кој до крајот на сезонава ќе го носи дресот на Пелистер и ќе биде значаен адут на тренерот Радуловиќ во борбата за висок пласман.
Станува збор за кошаркар кој е добро познат на македонската јавност ако се знае дека ланската сезона ја мина во дресот на Еуро Никел, каде беше еден од најстандардните играчи во таљборот на кавадарчани. Планиниќ своевремено беше дел од младинската школа на Задар, а пред Еуро Никел настапуваше во татковината, во вториот тим на Цедевита.
Тој е последното засилување што управата го ангажираше најмалку до крајот на годинава. Воедно, „пелистерци“ донесоа одлука да се разделат од двајцата Американци, Банди и Килинг, со кои договорите се веќе раскинати и тие повеќе нема да бидат дел од клубот. Станува збор за играчи кои добија шанса, но не ја оправдаа довербата и по нецели два месеци го напуштаат таборот на македонскиот вицепрвак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА